Инзаги: Не сум видел фудбалер како Јамал, со тројца го чувавме!

by riste
0 минути читање

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги му даде големи комплименти на Ламин Јамал кој блескаше на вчерашниот меч од Лигата на шампионите.

Јамал во континуитет покажува дека се работи за невиден талент, младиот фудбалер е страшен и на големи натпревари, а така беше вчера и на првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите.

Тој даде еден прекрасен гол, а двапати ја погоди и пречката од голот на Зомер.

„Не сум видел фудбалер како Ламин Јамал во последните осум-девет години. Моравме со тројца фудбалери да го чуваме“, рече Инзаги по мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани