Синоќа Пипо Инзаги со Беневенто беше поразен со 2-0 од Милан, неговиот тим не реализираше и пенал со кој ќе се вратеше во игра.
„Доколку од пораз против лидерот на табелата излеземе нервозни жалејќи за пропуштеното, тоа покажува колку далеку сме стигнале“, вели Инзаги.
„Игравме против Донарума, според мене најдобриот голман во Европа и тимот даде се од себе. Разочарувачки е бидејќи кога ќе пружите таков перформанс очекувате друг резултат“.
„Нови сме во Серија А, па примањето на такви наивни голови ќе ни помогне да созрееме. Не можеме да си дозволуваме да подаруваме такви голови. Не можам да се пожалам на играчите кои одиграа одлично и горд сум на нив“.
„Меч против Милан никогаш нема да биде ист за мене како и против друг тим, така е и кога играм против брат ми“.