Интересна реакција на Коади откако дозна дека Килман е играч на мечот со Лидс (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Велат, не е важно
за кого навивате, но дефинитивно тешко е да не ви се допадне начинот на кој
Конор Коади го предводи Вулверхемптон на теренот како капитен, а неговата
последна реакција и повеќе од доволно говори.

Коади ги освои
срцата на љубителите на фудбалот кај Англичаните откако го постигна првиот гол
за „Гордиот албион“ во победата над Велс, а капитенот на Вулверхемптон имаше и
повеќе од интересна реакција во интервјуто за „Скај спортс“ по минималната
победа кај Лидс синоќа.

Коади беше
информиран дека неговиот соиграч, Макс Килман е прогласен за играч на мечот, а
брзо следеше реакција на Коади кој запраша „Навистина тој е играч на мечот?“.

Следеше насмевки
на лицата во студиото на „Скај спортс“ каде гостуваше Џејми Карагер, кој посочи
дека токму Коади можеби требало да го добие тоа признание, но, тој во манири на
голем капитен негираше.

class="twitter-tweet">

#WWFCpic.twitter.com/FddZB4WV1E

Тој го заслужи
ова, беше неверојатно добар, престанете да се смеете и да правите шоу од мене

им додаде капитенот на Вулверхемптон низ смеа на гостите во студиото.

23 годишниот дефанзивец Килман навистина импресионираше, тој ги одигра сите 90 минути на дуелот со
Фулам претходно, следеше минимална победа и токму тој беше означен за фудбалер
на мечот, а тоа беше негов прв меч сезонава во Премиерлигата, за синоќа со
асистенција во голот на Раул Хименез да се здобие со ново признание.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани