77
Популарниот
„Нинџа“, кој е дамнешна желба на Интер и се поврзуваше уште кога Ерик Тохир го
купи клубот од Масимо Морати, конечно е на чекор до дресот
на „Нероаѕурите“.
Тутоспорт
пренесува дека преговорите помеѓу Интер и Рома кои траеле со недели сега
завршиле успешно. За да стигне до потписот на Раџа Наинголан, клубот од Џузепе
Меаца жртвува еден од своите најголеми таленти.
Покрај тоа што ќе
платат 29 милиони евра, „Нероаѕурите“ во Рим ќе го испратат и Николо Заниоло,
кој следниот месец полни 19 години.
Младиот
Италијанец, кој игра на позицијата „треквартиста“ е главна ѕвезда на Примавера
тимот и со 14 погодоци и 10 асистенции даде голем допринос во освојувањето на
Скудетото.