Интер во два наврати водеше на „Олимпико“, евроголот на Ундер и ВАР и донесоа бод на Рома (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома и Интер ги
поделија бодовите во претпоследниот меч од 14. коло во Серија А. Гостите во два
наврати водеа, но „волчицата“ се враќаше, најпрво со евроголот на Ундер а потоа
и со помош на ВАР.

Резултатот беше
отворен во 37. минута од мечот, Д’Амброзио испрати остар центаршут во петерецот
а Кеита само постави нога и ја затресе мрежата на Рома.

На стартот од
вториот дел, домаќините изедначија. Ундер испрати проектил од преку 25 метри,
Хандановиќ не се помрдна и само беше гледач повеќе на „Олимпико“.

„Нероаѕурите“ се
вратија во предност во 66. минута, по еден корнер од левата страна, Икарди
скокна највисоко и донесе 1-2.

Рома сепак не се
предаде и се избори за реми преку Коларов од пенал во 74. минута. Брозовиќ
играше со рака во шеснаесетникот, судијата во прв момент не досуди ништо но со
ВАР ги прегледа повторените снимки и покажа на белата точка. Хандановиќ го
прочита Коларов, се фрли на правата страна но ударот на Србинот беше прецизен и
силен, па мрежата на Интер по втор пат се затресе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани