Интер со втор тим ќе игра против Верона, Инзаги ќе направи дури 10 измени во стартниот состав

by bojan
1 минути читање
Мартинез

Медиумите од Италија најавуваат огромни измени во стартниот состав на Интер за пресметката против Верона, Симоне Инзаги ќе вметне дури 10 нови имиња во споредба со тимот кој истрча против Барселона во средата.

Интер до пред две недели беше во игра за тројна титула, но серија лоши резултати придонесоа „нероаѕурите“ да ја изгубат предноста во Серија А и да бидат елиминирани во Купот на Италија.

Момците на Симоне Инзаги сепак се изборија за добар резултат на првиот натпревар против Барса во полуфиналето во Лигата на шампиони, одиграа 3-3 на „Монжуик“, па се чини дека ова ќе биде главниот фокус на Интер во следниот период.

Медиумите од Италија најавуваат дека Интер вечерва со втор тим ќе игра против Верона, Симоне Инзаги ќе направи дури 10 измени во стартниот состав во споредба со почетните единаесет со кои истрча против Барса во средата.

На голот ќе биде Мартинез, во одбраната Бисек, Де Фрај и Карлос Аугусто додека пак на бековските позиции ќе бидат Дармијан и Залевски. Фратези, Аслани и Зелински ќе се најдат во средниот ред, а нападот ќе го предводат Арнаутовиќ и Кореа.

Со вакви стартни 11, единствен кој ќе го задржи местото е дефанзивецот Бисек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани