75
Нашиот репрезентативец и
капитен на националниот состав, Горан Пандев вечерва е во почетниот состав на
Џенова во дуелот од редовното коло од Серија А против неговиот поранешен клуб
Интер.
Тимот од Милано имаше
посебна објава на социјалните мрежи по повод директниот судир со некогашниот
нивен фудбалер…
„Секогаш е задоволство повторно
да ни се вкрстат патишата со Горан Пандев. Македонецот имаше 69 настапи
и постигна 8 гола во дресот на Нероаѕурите“ напиша Интер пред стартот на мечот.