827
Интер си ја заврши домашната задача иако со мислите повеќе е во реванш натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите.
Единствениот гол на денешниот меч падна уште во деветата минута кога Аслани погоди од пенал за водство на Интер од 1-0, што беше и конечен резултат.
Инзаги на овој меч одмори повеќе фудбалери од стартниот тим.
Со овие три бода Интер останува во игра за Скудетото иако работите во свои раце ги има Наполи.