Интер се спасуваше од пораз против Парма, се тресе столчето на Конте (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер влезе како голем фаворит против Парма, но не само што не победи, туку во судиското продолжение се спаси од пораз.

На Нероазурите им недостасуваше Лукаку, тоа беше видливо, но Конте има доволно квалитет во составот за и без Белгиецот да победи тимови како Парма.

По мирното прво полувреме, следуваше блесок на Жервињо, тој погоди во 46. и 62. минута за водство на Парма од 2-0.

Брозовиќ брзо го врати Интер во игра, во 64. минута погоди за 2-1, но на домаќините тешко им одеше, се мачеа да дојдат во израмнување.

Се чинеше дека ќе го загубат мечот, но Перишиќ со гол со глава во 92. минута го изедначи резултатот на 2-2, тоа беше и конечниот исход.

По шест кола во Серија А, Интер има само три победи, а во Лигата на шампионите одигра нерешено со Шахтар и со Борусија Менхенгладбах. Алармото во клубот веќе е уклучен, Антонио Конте нема да има уште многу кредит, приситокот станува се поголем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани