Интер разгледува интересна понуда за Лаутаро од Барселона

by
1 минути читање

Според „Газета дело Спорт“, Барселона на Интер му нуди 50 милиони фудбалери плус двајца фудбалери. Можат да бираат некои од Артуро Видал, Самуел Умтити и Жуниор Фирпо.

Во игра можеше да биде и Иван Ракитиќ, но Хрватот изјави дека не сака да биде дел од еден таков трансфер.

Конте е задоволен од можноста да го ангажира Артуро Видал. Тоа е фудбалер кој потполно му одговара во стилот кој стратегот го форсира. Видал веќе има и титула во Серија А како фудбалер на Јувентус.

Ваквата зделка е прифатлива и за Видал со оглед на тоа што ќе си обезбеди стабилен договор на 33 години.

Се верува дека Видал е фудбалерот кој Интер сигурно би го одбрал од овие тројца.

23-годишниот Жуниор Фирпо минатата сезона дојде во Барселона од Бетис каде што имаше импресивни партии. Барселона за него плати 18 милиони евра плус 12 во разни бонуси. 

Фирпо важи за надежен бек кој за Барселона имаше 12 настапи и еден постигнат гол. Фудбалерот сака да замине од Барселона бидејќи смета дека треба да игра повеќе. Интер би бил идеалниот тим за него.

Во случајот на Самуел Умтити проблемот е што дефанзивецот е склон на повреди. Неспорни се неговите квалитети, но не може да врзе континуитет на натпревари поради проблемите со коленото.

Во наредните денови Интер мора да одговори на понудата на Барселона, дали концептот со 50 милиони евра плус двајца фудбалери е прифатлив за нив. Доколку одговорот биде позитивен ќе се премине кон напредни преговори во кои ќе се договараат деталите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×