Интер рано поведе па се бранеше, Аталанта промаши пенал во 88. минута и пропушти да казни (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Антонио Конте пред
неколку дена во живо на ТВ се расправаше со Фабио Капело дека Интер не игра
дефанзивно и на контри, „нероаѕурите“ вечерва имаа 38% посед наспроти 62% на
Аталанта и речиси двојно помалку додавања.

Интер одлично го отвори
мечот, Лукаку по само дваесетина секунди ја погоди рамката од голот а Лаутаро
Мартинез во 4. минута донесе предност од 1-0. „Нероаѕурите“ беа расположени за
надигрување уште краток период и потоа решија да му ја препуштат иницијативата
на противникот.

Аталанта го имаше
поседот на топката, често се играше на половината на Интер, но домаќините за
малку не поведоа со 2-0, обидот за лоб на Лаутаро беше расчистен на самата гол
линија. Пред крајот на првиот дел дојде и најсериозната шанса за Аталанта,
Хандановиќ имаше двојна одбрана, настана мешаница во која Лаутаро го собори Толои
но не се огласи ниту судијата ниту ВАР.

Второто полувреме
донесе слична слика, Интер реши да се брани уште од стартот на второто
полувреме, Аталанта силно притискаше и само прашање на време беше кога гостите
ќе ја затресат мрежата на Хандановиќ. Тоа се случи во 76. минута, Госенс беше
поумешен од Кандрева и со полуволеј донесе 1-1.

Аталанта можеше
да си замине со три бода од „Џузепе Меаца“, во 88. минута беше досуден пенал,
но Хандановиќ го спаси Интер и го одбрани ударот на Муриел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×