Клубот од Џузепе
Меаца треба да добие нов лик летоска откако Лучано Спалети замина а на негово
место дојде Антонио Конте.
Синоќа од Турција
пристигна информација дека Интер го договорил трансферот на Елиф Елмас и
Македонецот ќе се пресели во Милано за 11 милиони евра. Балканската колонија во
Интер може да стане уште поголема со пристигнување на Еден Џеко и Александар
Коларов.
За Босанецот
подолго време се говори дека е мета на „нероаѕурите“ и се верува дека тој си
има дадено збор со Интер за тригодишен договор и плата од 4,5 милиони евра по
сезона, но проблем е тоа што Рома бара 20 милиони евра, додека пак Интер е
подготвен да потроши помеѓу 10 и 12 милиони.
Денешното издание
на Газета дело Спорт вели дека Антонио Конте го посакува и соиграчот на Един
Џеко, Александар Коларов. Стратегот го цени Србинот поради неговото големо
искуство, можноста да се снајде во неколку улоги како и опасноста која ја носи
од прекините, левиот бек е голем мајстор кога се во прашање слободните удари.
Газета дело Спорт
исто така ја обнови и идеата за трампа Икарди-Дибала. Двајцата Аргентинци имаа
проблеми и мала минутажа оваа сезона па промена на средината може да биде
добредојдена.
Интер и Јувентус
би можеле да направат размена и да ги проценат фудбалерите на 60-70 милиони
евра.