Интер му го понудил Ериксен на Баерн Минхен за Боатенг?

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги објави „Билд“, се вели дека Интер му го понудил Кристијан
Ериксен на Баерн Минхен, и тоа за трампа со Жером Боатенг минатиот месец.

Ериксен пристигна
во интер во јануарскиот преоден рок годинава, меѓутоа барем досега не успеа да
го убеди својот тренер Антонио Конте дека заслужува првотимски статус, а „Нероаѕурите“
веќе почнаа да размислуваат како да се ослободат од обврските кон 28 годишниот
Данец.

Германскиот
весник тврди дека Баерн Минхен бил еден од клубовите кои пријавиле интерес за
фудбалерот од средниот ред, меѓутоа тренерот на германскиот првак, Ханси Флик
одлучил дека приоритет му е Боатенг да остане во составот на „Баварците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×