Интер имаше одличен старт на новата сезона, тимот на Конте одигра одлично второ полувреме и дојде до голем триумф над Кротоне.
Гостите одлично го отворија мечот, поведоа со гол на Занелато уште во 12. минута, но Лаутаро Мартинез погоди осум минути подоцна за изедначување на резултатот.
Во 31. минута одлична акција на Интер која заврши со автогол на Мароне за пресврт и водство на нероазурите од 2-1, но само пет минути подоцна Големиќ од пенал го изедначи резултатот на 2-2.
Во второто полувреме приказната беше сосема поинаква, Лаутаро Мартинез постигна уште два гола за негов хет-трик, а по еднаш реализираа Лукаку и Хакими за конечни 6-2.
Интер сега е на првото место со два бода повеќе од Милан кој ако победи на гостувањето кај Беневенто ќе се врати на врвот.