Интер ќе мора да го одврзе ќесето ако сака да се раздели со Спалети

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, Интер ќе биде приморан да му исплати
обештетување на Лучијано Спалети и неговиот стручен штаб доколку дојде до
разделба помеѓу обете страни.

Кориере дело
Спорт и Скај Спорт Италија веќе објавија дека Антонио Конте ќе потпише
тригодишен договор со тимот од Милано, а тоа наводно ќе се случи до крајот на
оваа седмица.

Како и да е,
Кориере дело Спорт додава дека разделбата со Спалети нема да биде толку
едноставна и пред се
ефтина,
откако весникот предупредува на тоа дека Интер тој потег би го чинел цели 25
милиони евра.

Интер се намачи,
но стигна до посакуваното четврто место на табелата од Серија А на крајот од
актуелната сезона, па така идната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите,
но, извесно е дека на кормилото на таа екипа ќе има промени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани