Интер ја одреди замената за Ериксен

by
1 минути читање

Кристијан Ериксен
пред 12 месеци се пресели во Милано како големо засилување, но фудбалерот не се
снајде најдобро, Антонио Конте не смета на неговите услуги, па авантурата на
Данецот во Серија А кратко ќе трае.

Бепе Марота и
Пјеро Аусилио веќе потврдија дека Кристијан Ериксен оди на продажба и во
моментов непознато е само каде ќе заврши
плејмејкерот. По отказот на Томас Тухел и најавите дека Маурисио Покетино ќе
седне на кормилото на ПСЖ, Париз се посочува како следна дестинација.

Во Интер веќе ја
имаат одредено неговата замена, ќе биде ангажиран Папу Гомез од Аталанта.
Аргентинецот ја „спука“ со Гасперини и ќе биде продаден за околу 10 милиони
евра. Сумата не е проблем за „нероаѕурите“, исто како и платата на играчот од 3
милиони евра.

Интер е идеална
дестинација за Папу Гомез
, кој
не сака да го напушти Бергамо каде што живее неговото семејство, и ќе продолжи
да живее таму.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×