100
Интер соопшти дека Бастони е позитивен на ковид-19, тој бил тестиран пред да се појави во кампот на младата италијанска репрезентација.
Веќе беше соопштено дека двајца играчи од репрезентацијата се позитивни, а едниот од нив е Бастони. За вториот се верува дека е голманот на Аталанта, Марко Карнесеки.
Интер потврди дека Бастони е асимптоматичен и оди во самоизолација.
Но, „Газета дело Спорт“ и „Спортиталија“ соопштуваат дека има уште еден играч на Интер позитивен на ковид-19, се работи за Милан Шкрињар.
Тој е на интернационална должност со Словачка, па на тестирањата во националниот тим, тестот покажал дека има коронавирус.