Интер и Рома се тепаат за да му направат услуга на Стефан Ристовски

by
1 минути читање

Интер и Рома се во битка за ангажман на Кристијано Пичини од Спортинг Лисабон, фудбалерот кој е прв десен бек на португалскиот тим.

Доколку некој од нив успее во намерата да го ангажира, од овој трансфер бенифит ќе има Стефан Ристовски кој ќе го завземе местото на Пичини во првиот тим на Спортинг Лисабон.

Италијанскиот дефанзивец е проценет на сума помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Според португалскиот весник „О Јого’, Рома испратила понуда од 10 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.

Интер веќе имаше понуда од осум милиони евра плус четири милиони во бонуси која беше одбиена од Спортинг. Нероазурите ќе се вратат со подобрена понуда.

Во договорот со Спортинг Лисабон, Пичини има откупна клаузула од 45 милиони евра, но играчот не вреди толку, па се очекува да биде продаден за максимум 20 милиони евра.

Пичини е фудбалер од академијата на Фиорентина кој пред да заигра за Спортинг Лисабон го носеше дресот на Ливорно и Бетис.

Според навивачите на Спортинг, Стефан Ристовски уште минатата сезона требаше да биде пред Пичини во првиот тим откако неколку пати покажа дека може да игра подобро од Италијанецот. Па веројатно следната сезона ќе биде онаа во која Македонецот ќе има голема шанса во континуитет да ги презентира своите квалитети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани