Според пишувањата
на „Кориере дела Сера“, се вели дека Антонио Конте, новиот шеф на стручниот
штаб на Интер ќе даде зелено светло за продажба на Мауро Икарди, но тоа би се
случило под еден услов, доколку дојде до договор за ангажман на Алваро Мората.
26 годишниот
шпански напаѓач е член на Атлетико Мадрид, но, на позајмица до идното лето од
Челси со опција и за откупување на неговиот договор со Премиерлигашот кој има
важност до 2022. година.
Од една страна,
Атлетико Мадрид силно посакува во својот состав да доведе звучно засилување во
нападот по заминувањето на Антоан Гризман, но, Нероаѕурите пак за возврат го
посакуваат Мората.
Во меѓувреме,
Икарди ја отфрлил можноста да стави потпис на нов договор со Интер, неговиот
актуелен важечки истекува во 2021. година а односот помеѓу поранешниот капитен
на тимот од Милано со клубот претрпе големи промени, токму по одземањето на
капитентската лента по што настанаа големи несогласувања.
Секаков можен
договор во кои би биле инволвирани Икарди и Мората ќе зависи од Челси кој го
има последниот збор за шпанскиот напаѓач кој има добро минато во Серија А во одличните изданија кои ги прикажа во дресот на Јувентус.