Интер го промовираше Конте, стратегот проговори за трансфер плановите, ангажман на Лукаку, Санчез…

by
2 минути читање

Започнува ерата
на Антонио Конте на Џузепе Меаца, Интер утрово официјално потврди дека
Италијанецот седнува на тренерското столче.

Ваквите стории
кружеа со месеци, и дури се говореше дека стратегот ги одбрал засилувањата за
новата сезона. Прва желба наводно му е Ромелу Лукаку, и гласините велеа дека
Интер се договорил со Белгиецот, и сега треба да пронајде јазик со Манчестер
јунајтед за висината на обесштетувањето.

Откако беше
промовиран, Антонио Конте разговараше на оваа тема со БиБиСи.

„Знам дека е
многу тешко да зборувам за ова, секако имаме план со кој ќе се обидеме да го
подобриме тимот. Но многу е важно сите – јас, играчите, клубот – да имаат голема
волја и големи амбиции за да ја намалиме разликата со Јувентус“
– вели Италијанецот. 

„Интер не се сретнал
со Лукаку, но за ова треба да се разговара со спортскиот директор, тој е
задолжен за ангажман на нови играчи и сите прашања за трансфер пазарот и нови
играчи треба да му се постават на него“.

Запрашан за
можноста Алексис Санчез да се пресели на Џузепе Меаца, Антонио Конте со
насмевка одговара:
„Пак прашувате за трансфер пазарот, ви кажав за ова треба да
разговарате со спортскиот директор“.

На прашањето
зошто го одбрал Интер, тој одговори: „Се работи за топ клуб, со голема
историја. Во моментов имаат иста амбиција како мене, да победуваат, да изградат
нешто важно“.

„Ова е нов
предизвик за мене, ново поглавје во животот. Во минатото освоив Скудето со
Јувентус, и сега сакам да го сторам тоа и со Интер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани