Интер го потврди ангажманот на популарниот „Нинџа“, Рома ги откри сите детали од зделката

by
1 минути читање

Раџа Наинголан е
нов фудбалер на Интер, клубот од Џузепе Меаца точно напладне официјално го
потврди трансферот на Белгијанецот, кој се обврза кон „Нероаѕурите“ до 2022.

Популарниот
„Нинџа“ се сели во Милано за 38 милиони евра, но во пракса Интер ќе треба да
искешира само 24 милиони евра бидејќи во спротивен правец се селат
суперталентираниот Николо Заниоло и Давиде Сантон.

Рома ги откри
сите детали од зделката според која „Волчицата“ за Николо Заниоло ќе плати 4,5 милиони
евра, а Интер ќе добие и 15% од евентуална идна продажба на 18 годишниот
офанзивен фудбалер од средниот ред. За услугите на Давиде Сантон, клубот од Рим
пак ќе одвои 9,5 милиони евра.

„Волчицата“ исто
така си обезбеди клаузула според која и следуваат 10% од евентуалната следна
продажба на Раџа Наинголан, но оваа сума нема да биде поголема од 2 милиони
евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани