Интер веќе го
ангажираше Раџа Наинголан од Рома, а тргнува и по Вилијам Карваљо, поранешниот
соиграч на нашиот Стефан Ристовски и еден од неколкуте фудбалери кои побараа
раскин на договорот со Спортинг Лисабон поради хаосот кој настана во тој клуб
по нападот од страна на хулигани над фудбалери на таа екипа.
Постои голем
интерес за услугите на Карваљо кој неколку пати претходно се поврзуваше со
голем трансфер и заминување од тимот од Лисабон, но, извесно е дека најсериозен
во намерата да дојде до неговиот потпис во моментов е Интер.
Тимот од Милано,
за разлика од останатите заинтересирани екипи за услугите на интернационалецот
од Ангола има намера да издвои 10 милиони евра за 26 годишниот фудбалер кој
игра во средниот ред.
Покрај тоа, Интер
е подготвен на Спортинг Лисабон да му го понуди и Нагатомо како дел од
договорот, а како опции се споменуваат и Едер, или Карамоа.
Евертон е исто
така заинтересиран за Карваљо, а токму Марко Силва, тренерот на англискиот
Премиерлигаш соработуваше со тој фудбалер во Спортинг Лисабон претходно.