Интер доминираше
на, „дерби дела Мадонина“,
триумфираше со 0-3 и сега има предност од четири бода на табелата.
Резултатот беше
отворен по пет минути игра, Лукаку нафрли а Лаутаро со глава го совлада
Донарума со 0-1. Иако резултатот беше рано отворен, до крајот на првото
полувреме немаше нов гол, но затоа на стартот од вториот дел, „росонерите“
отворија силно, Хандановиќ во два наврати го спречи Ибра со фантастични
интервенции а потоа го одбрани и обидот на Тонали.
Откако го
преживеа овој атак, Интер поведе со 0-2 во 57. минута, по една убава акција,
Перишиќ му асистираше на Лаутаро за 0-2.
Дест минути
подоцна, Интер ги реши сите дилеми, Лаутаро овој пат беше во улога на асистент
а Лукаку го матираше Донарума за 0-3.