Интер договори засилување од Динамо Загреб за 16 милиони евра!

by riste
1 минути читање

Интер и Динамо Загреб се договорија за трансфер на Петар Сучиќ за кој нероазурите ќе му платат на хрватскиот клуб дури 16 милиони евра.

Договорот бил постигнат доцна синоќа, Интер ќе плати фиксни 14 милиони евра, плус 2 милиони евра во бонуси, а Динамо Загреб ќе има и процент од наредната продажба.

Во текот на оваа недела Сучиќ ќе има медицински тестови во Милано по што ќе го потпише договорот.

Фудбалерот од средниот ред ќе остане во Динамо до крајот на сезоната, а од наредната ќе почне да го носи дресот на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани