Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер нема намера да преговара за продажба на Лаутаро Мартинез, па Барселона на друго место ќе треба да бара нов напаѓач.
„Каталонците“ ова лето го одредија Хулијан Алварез како главна цел за засилување на нападот, но на десет дена пред крајот на преодниот рок, Барселона никако да најде компромис со Атлетико Мадрид.
Па клубот од „Камп Ноу“ се насочува кон други алтернативи и беше објавено дека Лаутаро Мартинез од Интер е новата желба.
Шпекулациите велеа дека Барса се сретнала со агентите на Аргентинецот, и наводно напаѓачот бил отворен за можноста да се пресели во Каталонија.
Но медиумите од Италија велат дека Интер брзо ја „оладил“ Барселона, „нероаѕурите“ не само што не сакаат да го го продадат Аргентинецот, немаат намера ниту да седнат на преговори.