Интер без Сенси и Санчез на гостувањето кај Шахтер

by
1 минути читање

Двоецот на Интер,
Стефано Сенси и Алексис Санчез и дефинитивно нема да биде на располагање на
Антонио Конте за гостувањето кај Шахтер во рамките на второто коло од групите
во Лигата на шампионите.

Како што
известуваат во Италија, двоецот не отпатувал со тимот за Киев, обајцата се вон
комбинација поради повреда, а веста ја потврди и „Кориере дело Спорт“.

Во првото коло
Интер одигра 2-2 на домашен терен против Борусија Менхенгладбах, додека пак
Шахтер го шокираше Реал Мадрид совладувајќи го на негов терен со 2-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани