Јувентус уште
еднаш демонстрираше дека му нема конкуренција во Италија и со три бода си
замина од „Сан Паоло“ во дербито со второпласираниот Наполи.
Натпреварот почна
мирно, но потоа се случи една голема грешка која го промени текот на првото
полувреме. Малкуи лошо врати една топка, Роналдо пресече а гоманот Алекс Мерет
излезе да го спречи ЦР7 но само успеа да направи прекршок на врвот од
шеснаесетникот и да добие црвен.
Од слободниот
удар, Пјаниќ биеше прецизно и донесе водство за „Старата Дама“ од 0-1.
Наполи можеше веднаш
да се врати во игра, но ударот на Зјелински заврши во стативата. Казната за ова
стигна пред финишот на првиот дел кога Емре Џан небранет од никого погоди од
пет метри по еден корнер за 0-2.
И кога се чинеше
дека Јувентус лесно ќе прокнижи три бода, Пјаниќ на стартот од вториот дел
заработи втор жолт картон и исклучување, па силите на теренот беа израмнети.
Домаќините добија
мотив плус и намалија на 1-2 во 61. минута преку Каљехон. Потоа следуваше силен
притисок и опсада на голот на Шчесни, а шанса за реми дојде од сомнителен пенал
досуден со помош на ВАР.
Руиз се обиде да
врати една топка во петерецот, топката го удри Алекс Сандро во рака, но се чини
дека Бразилецот немаше намера да игра а и беше премногу блиску до противникот. Сепак
по прегледување на снимките, Роки покажа на белата точка а трагичар беше Инсиње
кој ја погоди стативата.
Овој момент
влијаеше психолошки врз избраниците на Анчелоти, а во финишот ги стигна и
заморот, па Јувентус на крајот славеше на „Сан Паоло“.