Поранешниот
капитен на Барселона, Андрес Иниеста говореше за периодот минат во депресија во
текот на неговата кариера.
34 годишниот Шпанец
сега игра во Јапонија бранејќи ги боите на Висеј Кобе, а говореше за проблемите
со кои се соочил во кариерата во интервју за шпанската телевизија Ла Секскта.
„Во текот на тој
период, не можев да ја сочекам вечерта, па така зимав пилули и се релаксирав“ откри Иниеста.
„Не можете да
бидете свој кога имате депресија, патите, имате компликации за да преземете
контрола во повеќе аспекти од вашиот живот“ додаде тој, а заклучи дека тешко е да се биде мотивиран во такви моменти од животот.
„Тешко е да
бидете мотивиран бидејќи не чувствувате потреба да размислувате на тоа за да
тргнете напред, не размислувате позитивно во тие моменти“ заклучи поранешниот фудбалер и капитен на Каталонците.