Инфантино со порака до Италија: Габон е пред вас во однос на стадионите

by
1 минути читање

Претседателот на
ФИФА, Џани Инфантино ја предупреди Италија дека во денешниот фудбал во однос на
инфраструктурно ниво е како Габон кога се работи за стадионите, тој додаде дека
е неверојатен фактот што само Јувентус и Удинезе се сопственици на стадионите на
кои ги играат своите натпревари.

Ситуацијата со
стадионите во Италија ја надминува секоја логика. Ова е држава која има
неверојатна пасија и култура за фудбал, денес Италија е зад Габон,
кој го организираше последниот Африкански Куп на Нации, барем кога говориме за
стадионите
“ рече Инфантино во изјавата за Раи Спорт, говорејќи за проблемите со
кои се соочува италијанскиот фудбал.

Неверојатно е
тоа што само Јувентус и Удинезе се сопственици на своите стадиони, еден стадион
не е само трошок, туку се работи и за една добра инвестиција
“ додаде Инфантино.

Што се однесува
до проблемот кој го посочи Инфантино, Рома со години се бори за да добие
дозвола за нејзиниот проект од фудбалска арена „Стадио Дела Рома“, а Римската
волчица константно е одбивана од локалните власти во Рим за тој проект.

Наполи, Лацио и
Фиорентина се исто така помеѓу клубовите чии проекти заглавија на
административен начин со години, дури и декади.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани