68
Пелистер и Вардар
одиграа без голови во големото дерби во рамките на 25 редовно коло од првата
фудбалска лига на Македонија, а во финишот од средбата во Битола се случи
мини-инцидент.
Настана голема
мешаница на теренот откако фудбалерите на обата табора се судрија, а оваа
мешаница ја искористи еден навивач кој влета на теренот, откако органите за
безбедност го увидоа тоа, настана „потера“ по него на теренот, но тој вешто ги
избегна и стигна до оградата од која се прекачи и за момент им избега.
Фото: 24ТВ (prt sc)