Импресивната статистика на Манчестер јунајтед на историскиот меч во Париз

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед испиша историја

Манчестер јунајтед стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите кој се пласирал во следната рунда а претходно загубил дома со два или повеќе голови разлика во нокаут меч.

Со денешните три гола тие го изедначија и клупскиот рекорд со тоа што постигнаа погодоци на 21. гостување по ред во сите натпреварувања. Таков учинок има само тимот на Манчестер јунајтед под водство на Мет Базби остварен помеѓу ноември 1956 и септември 1957 година.

Хероите Рашфорд и Лукаку

Маркус Рашфорд го изведе пеналот кој значеше победа од 3-1. Интересно тоа беше прв пенал кој го има изведено Рашфорд во официјален меч за Манчестер јунајтед иако има 159 настапи за тимот.

Со денешните два гола, Лукаку врза серија од три натпревари по ред на кои постигнува по два гола. Тоа му се случува за прв пат во клупската кариера.

Брзиот старт на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед поведе со гол на Лукаку по 111 секунди игра. Тоа е најбрз гол од играч на Јунајтед во нокаут меч од Лигата на шампионите по оној на Руни постигнат по 63 секунди против Баерн Минхен во 2010.

ПСЖ немаше примено два гола за 30 минути во Лигата на шампионите од октомври 1997 година против Баерн Минхен.

Оле Гунер Солскјер

Солскјер го промени расположението во тимот на Манчестер јунајтед и околу него. Тие сега имаат неверојатна серија на резултати. Од неговиот деби меч во декември, само Манчестер Сити (15) остварил повеќе победи од Јунајтед (14) во сите натпреварувања од клубовите во најдобрите пет европски лиги.

За прв пат од сезоната 2010/2011 Манчестер јунајтед постигнува повеќе од еден гол на гостински натпревар во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани