Икарди се уште одбива да тренира со Интер, денеска ќе има состанок со Спалети

by
1 минути читање

Според „Скај Спорт Италија“, Икарди го информирал медицинскиот персонал во Интер и тренерот Лучијано Спалети дека се уште не може да тренира.

Тој одбил да биде дел од тимот за натпреварот од Лига Европа против Ајнтрахт Франкфурт поради наводна болка во коленото.

Напаѓачот нема одиграно натпревар за Интер од 13. февруари кога му беше одземена капитенската лента, тој вели дека има повреда на коленото иако медицинските тестови покажаа дека е сосема здрав.

Наместо да тренира со остатокот од тимот, Икарди работи сам со физиотерапевт.

Интер не сака да ја коментира ситуацијата, но денеска треба да се случи состанок помеѓу Икарди и тренерот Спалети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани