205
Нова епизода од сапуницата наречана иднианта на Мауро Икарди. И покрај тоа што Интер побарал од напаѓачот да не привлекува внимание, Аргентинецот денеска ја разбранува јавноста во Италија со активностите на социјалните мрежи.
Мауро Икарди лајкна објава на Жоао Кансело на Инстаграм, двајцата се пријатели откако настапуваа заедно минатата сезона и веројатно немаше да се крене толку голема дебата доколку не се работеше за пост со кој се слави победата на Јувентус над Наполи.
„Сам можеш да постигнеш многу, но заедно може да се постигне сè. Голема победа. Честитки до сите“ – напиша Португалецот и објави три фотографии од синоќешниот меч.