141
Бобо Виери има своја емисија на стриминг сервисот Твич а пред неколку дена гостин му беше поранешниот фудбалер Даниеле Адани.
Една од темите на кои разговараа беше сексуалниот живот на фудбалерите и гласините дека Ванда Нара и Мауро Икарди имале скес 12 пати на ден.
„Очигледно не ја знаете приказната на Салиу Ласиси“ – вели Даниеле Адани.
„Кога ќе се вратеше од Брегот на Слоновата коска, беше истоштен. На тренинг не можеше да истрча ниту еден круг“.
„Ми објасни дека добивал брда писма и фотографии секогаш кога ќе се врател дома. Секој ден излегувал со по три или четири девојки. Кога ќе се вратеше во Италија, му требаше месец дена да се опорави“.
Салиу Ласиси беше дефанзивец и помина шест години во калчото.