Игуаин чека повик од Сари?

by
1 минути читање

Премиерлигашот
Челси според неофицијалните информации кои пристигнуваат се вели дека се уште
гледа шанси за да се засили со напаѓачот Гонзало Игуаин, кој моментално ги
брани боите на Милан на двегодишна позајмица од Јувентус, но, тимот од Милано потоа
ќе има опција и да го откупи неговиот договор.

Кориере дело
Спорт пишува дека и покрај тоа што шефот на стручниот штаб на Росонерите,
Џенаро Гатузо уверуваше дека аргентинскиот напаѓач не сака да го напушти
клубот, тој наводно чекал повик од Маурицио Сари, неговиот поранешен тренер од
Наполи кој сега е на клупата на Челси.

Игуаин постигна
шест погодоци во десетте негови настапи во дресот на Милан во досегашниот
циклус натпревари од Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани