„Лисиците“ на
големо изненадување вчера му врачија отказ на Клаудио Раниери, откако
Италијанецот пред девет месеци им ја донесе титулата во Премиерлигата.
Според пишувањата
на Мирор и Тајмс, за ваквиот потег на клубот заслуга имаат и постарите играчи.
Весниците
пишуваат дека тие неодамна им се пожалиле на лидерите на клубот дека е нарушен
односот со Клаудио Раниери и не се задоволни од него.
Наводно играчите
не биле задоволни што стратегот премногу често ја менува формацијата и составот, новите
тренинг методи и промената во исхраната.
По поразот од
Севиља во Лигата на Шампионите, вчера имало нова средба помеѓу играчите и
управата по која Лестер одлучи дека е време за промени и му врачи отказ на
Раниери.
Скај Спортс исто
така пренесе дека во четвртокот наутро имало состанок помеѓу сопствениците и фудбалерите,
на кој постарите фудбалери го израсиле своите незадоволство и ставови.
Но во ниту еден
извештај не се откриваат имињата на играчите, па останува само да се нагаѓа
дали тоа се Каспер Шмајхел, Роберт Хут, Вес Морган, Дени Дринквотер, Енди Кинг,
Џејми Варди и Ријад Марез.