Договорот на Ешли Јанг со Интер истекува по крајот на сезоната, на Англичанецот нема да му биде понудено продолжување на соработката, па тој ќе биде меѓу првите кои ќе го напуштат Милано.
Истекува и договорот на Андреа Ранокиа, но дефанзивецот ќе има избор дали да продолжи во Интер или да си замине. Доколку сака да игра повеќе ќе треба даа си ја побара среќата на друго место, во актуелниот договор со Интер има опција за продолжување на уште една сезона.
Матиас Весино ќе биде ставен на трансфер пазарот откако оваа сезона досега има одиграно само 70 минути во сите натпреварувања за Интер.
Клубот треба да одлучи и за иднината на Артуро Видал, Роберто Гаљардини, Иван Перишиќ и Стефано Сенси.
Видал во Интер пристигна од Барса како слободен играч, но нероазурите може да го ослободат поради платата од 6,5 милиони евра годишно.
Раду и Пинамонти ќе заминат на позајмица, а Даниеле Падели треба да има состанок со Марота по крајот на сезоната.