Златан Ибрахимовиќ синоќа доцнеше на фестивалот Санремо а кога се појави на бината раскажа дека пристигнал со автостоп, заглавил во гужва на автопатот па замолил човек на мотор да го префрли до Лигурија.
Напаѓачот на Милан денеска повеќе говореш за настанот, вели дека било како на филм па морал да направи видео инаку никој немало да му верува.
„Беше како на филм, мислев дека никој нема да ми верува па мораше да направам видео. Знам дека приказната е неверојатна“ – вели Ибра.
„Рано заминав од Миланело, но по три часа стоење во место на автопатот, не можев да чекам повеќе па му кажав на возачот да ја отвори вратата. Дали ризикував? Можеби да, но никогаш не сум се плашел да превземам ризик. Исто така, немаше друг начин како да стигнам на време“.
„Само две лица беа сведоци на настанот, возачот и еден пријател. Ми дадоа ГПС уред за да ме лоцираат во случај мотоциклистот да ме однесе којзнае каде“.
„Приметив дека мотоциклистот вози лошо, па го прашав, „ако сакаш јас можам да возам, јас ќе ја превземам целата одговорност“, но не сакаше. За жал не можевме да се сликаме кога пристигнавме пред Театарот Аристон, бев малку под стрес а и ми беше ладно. Ми кажа дека никогаш претходно не го возел моторот на автопат но му реков дека заврши добра работа“.