Ибрахимовиќ тренира со Хамарби (ФОТО)

by
1 минути читање

Хамарби објави
дека напаѓачот на Милан, 38 годишниот Златан Ибрахимовиќ тренирал со тој клуб
во текот на пандемијата со коронавирусот, поради што Италија е „затворена“,
меѓутоа Шведска и покрај тоа што секако е дел од засегнатите земји со Ковид-19,
нема толку многу рестрикции.

Спортскиот
директор на Хамарби, Јеспер Јансон потврди дека Ибрахимовиќ, кој инаку има 25%
од сопствеништвото во клубот, бил дел од тренажниот процес кој инаку се одвива
зад затворени врати.

Златан дојде во
својот дом во Стокхолм со своето семејство, почувствува дека сака повторно да
ја допре топката, имавме некои мини-тренинзи, но од понеделник повторно се
враќаме, а со нас ќе тренира и Златан
“ наведе Јансон.

Актуелниот
договор на Ибрахимовиќ со Милан истекува претстојново лето, во истиот има и
опција за дополнителни 12 месеци, тој сезонава на 8 настапи успеа да запише 3
погодоци и 1 асистенција зад своето име.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани