Жозе Мурињо треба
да издржи и да остане свој, онаков каков што сите го познаваат, вели Златан
Ибрахимовиќ, напаѓачот кој имаше одлична соработка со португалскиот фудбалски
стратег кон кого има се почести критики за неговата работа на кормилото на Манчестер
јунајтед.
„Мурињо
едноставно треба да биде свој, да биде тоа што всушност е, да ги издржи сите
критики и да продолжи на начин на работа како што тој најдобро знае и умее, тој
е таму поради сето тоа што го стори на свој препознатлив начин, нема да се
промени за ништо“ изјави популарниот Ибра за Sky Sports.
„И јас сум ист,
сите мислат дека се перфектни, тоа е најголемиот проблем“ додаде искусниот
шведски напаѓач кој притоа подвлече дека можно е критиките до Мурињо да
пристигнуваат најмногу поради карактерот на португалскиот стратег, а не поради
резултатите.
„Сите го
критикуваат Мурињо, мислам дека причината за тоа не се резултатите, јас сметам
дека сето тоа е поради неговиот карактер, поради тоа што е таков каков што е
како личност“ заклучи Швеѓанецот.