67
Во седмото коло, Милан ја забележа шестата победа оваа сезона, овој пат со 2-1 го победи Удинезе на негов терен.
Милан дојде до водство уште во 18. минута кога по асистенција од Ибрахимовиќ, Кеси постигна гол за водство од 1-0.
По три минути игра во второто полувреме, Ромањоли направи прпекршок за пенал, а најстрогата казна прецизно ја изведе Де Паул кој изедначи на 1-1.
Течеше 83. минута кога Ибрахимоиќ постигна акробатски гол во свој стил кој значеше победа за Милан од 2-1.
What a goal from Zlatan Ibrahimovicpic.twitter.com/2G5tR0gNmB
— Lyndio Sport (@LyndioSport) November 1, 2020