Пред неколку години, Тиаго Силва ја раскажа лудата приказна од соблекувалната на Милан и како Златан Ибрахимовиќ го напикал Џенаро Гатузо во канта за ѓубре.
Швеѓанецот во емисијата „Че Темпо че Фа“ на Раи се присети на тој момент и со голема насмевка на лицето и гестикулации со рацете покажа како виселе нозете на Рино.
„Пред некој ден му се јавив на Гатузо и му реков да испрати порака до мојот син, честитка за роденден. Му реков, ако не пратиш, ќе дојдам во Неапол и лично ќе се погрижам да честиташ во живо“ – вели Ибра.
Новинарот побара појаснување и го праша, „Рино е омилен играч на товјот син?“
„Да, да. Го сака многу поради одлучноста и менталитетот кои го прикажуваше на терен“.
Новинарот потоа го праша за приказната дека еднаш го фрлил Гатузо во канта за ѓубре а напаѓачот убаво се изнасмеа.
„Да, да, да. Рино е цврсто момче, тоа беше како Тајсон, Мохамед Али и Брус Ли да влезат во клинч. Го напикав со глава во канта за ѓубре, двете нозе му висеа вака“.
“Una volta ho messo Gattuso a testa giù in un bidone…”@Ibra_official a #CTCF da @fabfazio pic.twitter.com/KgHhbkF7ld
— Che Tempo Che Fa (@chetempochefa) March 7, 2021