74
Златан Ибрахимовиќ
вели дека поверојатно е дека тој би се вратил во редовите на Росонерите,
отколку Арсен Венгер да го преземе кормилото на таа екипа, опција која се
споменува веќе извесен период, а тој додаде дека е среќен во ЛА Галакси.
„Мислам дека е
поверојатно дека јас ќе се вратам во Милан, отколку Арсен Венгер да отиде таму“
изјави популарниот Ибра за L’Еquipe.
„Не сум баш
сигурен во тоа дека тој сака да оди во Италија и да се соочи со тој предизвик,
Милан не е баш лесен предизвик“ додаде тој.
„Се уште не знам
што понатаму, знам дека многу европски клубови се заинтересирани, но, среќен
сум тука, го сакам мојот живот овде, а исто и моето семејство“ заклучи
Швеѓанецот.