Ибрахимовиќ: Ова е мој 32. трофеј, каде и да одам освојувам

by
1 минути читање

Ибрахимовиќ вчера беше херојот на Манчестер јунајтед за освојување на трофејот од Лига Купот, Швеѓанецот постигна два гола кои се покажаа како клучни за победата над Саутемптон од 3-2.

Поради неговата возраст имаше такви кои се сомневаа дали Ибра ќе успее во Англија, но неговиот престој досега е неверојатен.

„Ова е тоа што го предвидував, знаев дека сето ова ќе се случува. Другите можеби не го гледаа. Но дојдов тука да им го покажам на другите она што јас го гледав“ – изјави Ибрахимовиќ.

„Затоа дојдов, да освојувам и освојувам. Колку повеќе победувам, толку сум позадоволен. Тоа сум јас“.

Откако замина од Малме, Ибрахимовиќ освојува големи трофеи со секој клуб каде што игра. Синоќешниот беше негов 32. голем трофеј. Има 35 години, но како старее така изгледа подобар, момент кој не е типичен во фудбалот.

„Ова е мојот 32. трофеј и сум многу среќен. Каде и да одам, освојувам“.

„Водевме со 2-0, но изедначија на 2-2, изгледавме малку уморно, но добив шанса и погодив за 3-2“.

„Ова беше тимска игра, не индивидуален учинок“.

„Продолжувам понатаму, продолжувам да го правам она што го правам. Уживам во Англија“.

„Добив повик од Жозе Мурињо, претходно имав работено со него, тој ми се јави и беше причината поради која дојдов. Среќен сум тука, знам дека направив вистински избор. Ги предвидов работите, тоа што го предвидов се случува“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани