Напаѓачот на Милан објасни и зошто прифатил да биде дел од Санремо.
„Сите знаеа кој е Златан и пред овој фестивал, па зошто Златан дојде тука? Поради предизвици, адреналин. Доколку не се предизвикуваш себеси, не можеш да победуваш“, вели Ибрахимовиќ.
„Имам одиграно 945 натпревари во мојата кариера и сум победил на многу од нив, но не на сите. Сум освоил 11 титули, но неколку загубив. Сум освоил многу трофеи, но исто така некои и сум загубил“.
„Јас сум Златан без да победувам на секој натпревар. Јас сум Златан и кога победувам и кога губам. Постигнав многу голови, но некои и промашив. Неколку“.
„Неуспехот не е спротивно на успехот, тој е дел од успехот. Да не се прави ништо е најголемата грешка од сите. Доколку Златан може да направи грешка, можеш и ти. Најважната работа е да правите разлика секој ден, напор, посветеност, упорност, концентрација“.
„Јас сум на овој фестивиал за да ви кажам дека на ваш сопствен мал начин, можете да бидете Златан. Благодарност за Италија, мојот втор дом“.