Ибрахимовиќ не е како Нејмар, ова е најчудната недела во кариерата на Швеѓанецот

by
1 минути читање

Во последните неколку години, Нејмар е топ тема во овој период од годината, причина е роденденот на неговата стестра. Напаѓачот редовно има некој изговор за да не се појави на терените и наместо да игра фудбал тој присуствува на роденденската забава.

Златан Ибрахимовиќ сега имаше слична дилема, Швеѓанецот треба да учествува на познатиот фестивал Санремо. Напаѓачот збор дал уште пред да знае дали ќе оди во пензија или ќе продолжи со Милан, а немаше среќа и со распоредот, „росонерите“ во среда имаат дуел со Удинезе.

Ибра не сака да го погази дадениот збор, ниту да ги запостави обврските кон Милан, па го чека најчудната недела во кариерата.

Тој вечерва ќе замине во Лигурија каде утре ќе одработи тренинг за во среда да се врати во Милано и заедно со целиот тим да ги одработи финалните подготвки за дуелот со Удинезе.

Напаѓачот потоа повторно ќе се упати во Лигурија, каде покрај обврските на Санремо, ќе одработи уште два тренинга, еден во петок и уште еден во сабота.

Работата сепак малку се искомпликува по синоќешната повреда заработена на дуелот со Рома. Денеска ќе бидат направени детални тестови по кои ќе се има јасна слика дали Златан Ибрахимовиќ ќе треба да одмара или веднаш ќе се врати на терените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани