Златан Ибрахимовиќ и Тајрон Мингс имаа два тешки физички дуели кои останаа незабележани од судијата.
Најпрво Мингс го стапна Златан по глава со копачка, а потоа Швеѓанецот во друга акција му врати со лакт по кој на фудбалерот на Борнмут му се укажуваше лекарска помош.
Ибрахимовиќ негира дека намерно го удрил Мингс, дури вели дека гостинскиот играч бил оној кој се удрил во него.
„Слушајте, што се случува на теренот, останува на теренот. Јас не сум некој кој напаѓа надвор од теренот. Јас одев на топката, беше несреќна ситуација, тој скокна и се удри во мојот лакт. Но не беше ништо намерно. Се надевам дека не е повреден. Не знаев кој ме стапна на главата, ако бил тој тогаш бил тој“ – изјави Ибрахимовиќ.