Напаѓачот на Милан
седна на интервју со 7Кориере, Швеѓанецот разговараше на најразлични теми а
една од нив беше ковид-19.
Златан Ибрахимовиќ го раскажа своето искуство, вели
дека најтешко му било тоа што морал да седи затворен дома.
„Кога дознав дека
сум позитивен, бев прилично смирен, дури и малку љубопитен, сакав да видам што
ќе ми направи овој ковид-19, кој го погоди целиот свет. Бев дома, чекав да видам
што ќе се случи“ – вели Ибра.
„Од симптоми имав
главоблка, не многу силна, но ми одеше на нерви. Исто така загубив и чувство за
вкус. Но најлошо беше што цело време морав да бидам дома, изнервиран, не можев
да излезам надвор, ниту пак да тренирам како што сакам. Да седите мирно и да не
правите ништо, тоа е страшно“.
„Едно време
почнав да и зборувам на куќата, им дадов имиња на ѕидовите. Најмногу ми
влијаеше на психолошки план. Цело време зјапате во самиот себе, си ги
замислувате сите мани, дури и оние кои ги немате“.
„Вирусот е
страшна работа и не треба да го предизвиката. Треба секогаш да носите маска и
да држите дистанца“.