Ибрахимовиќ го победи коронавирусот

by
1 минути читање

Искусниот напаѓач
на Милан, Златан Ибрахимовиќ објави дека запрекнал од коронавирусот, откако
Швеѓанецот најпрво беше позитивен на тестирањето во пресрет на мечот со
Бодо/Глимт во рамките на Лига Европа.

Ибрахимовиќ
самиот ги соопшти добрите вести за „Росонерите“ во пресрет на градското дерби
со Интер предвидено да се одигра на 17. октомври, потврдувајќи дека е негативен
на најновите тестирања за Ковид-19.

Се
рехабилитирав, здравствените институции се информирани, карантинот заврши, сега
можеш да си заминеш од мене!
“ напиша Ибрахимовиќ на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани