Ибрахимовиќ е подготвен за реваншот против Манчестер јунајтед, но не и да стартува од првата минута

by
1 минути читање

Златан
Ибрахимовиќ е подготвен за настап во дресот на Милан во реванш пресметката
против Манчестер јунајтед на домашен терен во осминафиналето од Лига Европа,
откако на гости „Росонерите“ ремизираа играјќи со резултат 1-1.

„Скај Италија“
извести дека Швеѓанецот е подготвен за реваншот кој е предвиден да се одигра
утревечер, а дека е така самиот Ибрахимовиќ потврдил со тоа што во целост го
одработил вчерашниот тренинг.

Сепак,
очекувањата се тренерот Стефано Пиоли да не ризикува со ветеранот, кој мечот би
го почнал од клупата за резерви против Премиерлигашот за кого настапуваше две
сезони, а на 33 меча успеа да постигне 17 погодоци.

Ибрахимовиќ на
свои 39 години игра во неверојатна форма сезонава, со тоа што на 21 меч во сите
конкуренции успеа да постигне 16 погодоци, а дополнително реализираше уште две
асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани